
ТАТКОТО НА БАРСЕЛОНСКАТА ѕвезда Ламин Јамал (18), Мунер Насрауи, не го криеше своето разочарување откако неговиот син заврши на второто место при гласањето за Златната топка, која ја доби Осман Дембеле. Своето незадоволство го изрази во неколку наврати по завршувањето на церемонијата, пишува Marca.
Веднаш по објавувањето на победникот, Насрауи, помеѓу шпанските новинари, кусо изјави: „Следната година е наша“. Иако изгледаше релативно смирен во тој момент, очигледно беше дека не е задоволен со исходот на гласањето.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
Сепак, како што течеше вечерта, неговото незадоволство растеше, а кулминираше за време на видеоповик со El Chiringuito. „Мислам дека ова е најголемото… нема да кажам кражба, но морална штета нанесена на човечко суштество“, почна остро своето излагање.
Страствено го бранеше својот син, тврдејќи дека токму тој ја заслужил престижната награда. „Мислам дека Ламин Јамал е најдобриот играч во светот со голема разлика, со огромна разлика. Не затоа што ми е син, туку затоа што е најдобар на светот, мислам дека нема конкуренција“, изјави тој.
Своето излагање го заврши со сомнеж за регуларноста на изборот. „Ламин е Ламин Јамал, мора да признаеме дека овде се случи нешто многу необично“, рече, пред да го повтори ветувањето од почетокот на вечерта: „Следната година Златната топка ќе биде шпанска“.