Дома Фудбал Делото со Јувентус: Повеќе од една година затвор за Ањели и Павел Недвед

Делото со Јувентус: Повеќе од една година затвор за Ањели и Павел Недвед

Четворица поранешни раководители на Јувентус, меѓу кои се Андреа Ањели (поранешен претседател) и добитникот на “Златната топка” Павел Недвед (поранешен потпретседател), добиваат санкции со повеќе од една година затвор за финансиски злоупотреби, извршени за време на нивното управување во торинскиот клуб.

Сепак, тие нема да одат во затвор, бидејќи казните им се условни. Другите двајца се Фабио Паратичи (поранешен спортски директор) и Чезаре Габасио (поранешен главен правен директор). Сите тие признаа вина и постигнаа спогодба со обвинителството.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Ањели е осуден на 1 година и 8 месеци, Недвед на 1 година и 2 месеци, додека Паратичи и Габасио на по 1 година и 6 месеци.

Истовремено, Стефано Черато (поранешен главен финансиски директор), Марко Рe (поранешен главен финансиски директор до јули 2020 година) и Стефано Бертола (поранешен главен оперативен директор) добиваат по 1 година затвор, претворена во парична казна. За поранешниот извршен директор Маурицио Аривабене беше потврдено прекинување на случајот. На клубот му е изречена парична казна од 156 750 евра.

Споменатите лица се отстранети од фудбалот поради фалсификување на финансиски извештаи и нерегуларности во дејностите, поради што драстично е казнет и самиот Јувентус, на кој му беа одземени 15 бодови на крајот на сезоната 2022/23. Изречените казни се движат од шест до 30 месеци. Ова е дел од процесот “Призма”.

Обвиненијата вклучуваа манипулација на пазарот, неточни корпоративни соопштенија на јавно тргувани компании, измамна изјава и попречување на надзорните органи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аjтана Бонмати триумфира со „Златната топка“ трета година по ред

Ѕвездата на Барселона Ајтана Бонмати ја освои „Златната топка“ кај жените трета година по …