Дома Фудбал Миовски: Ова е само почеток, ќе постигнам уште многу голови за Ренџерс (Видео)

Миовски: Ова е само почеток, ќе постигнам уште многу голови за Ренџерс (Видео)

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски со насмевка го прослави својот прв погодок во дресот на Глазгов Ренџерс, со кој остави силен впечаток кај шкотската публика. Тој се запиша меѓу стрелците во победата од 2:0 над Хибернијан, во натпревар од Лига-купот на Шкотска.

За Миовски ова беше историски момент – прв гол во новата средина, кој дојде како награда за напорната работа и брзата адаптација во еден од најтрофејните клубови во земјата.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Секогаш е убаво чувството кога ќе се постигне првиот гол во новиот клуб. Секако дека сум пресреќен, ова е прв од многуте погодоци што ќе ги дадам за Глазгов Ренџерс. Тоа беше одбиена топка, но како напаѓач секогаш треба да си внимателен и да следиш што се случува околу петте метри. Топката дојде до мене и успеав да ја сместам во мрежата. Дојдов пред самиот крај на преодниот рок, потоа заминав со репрезентацијата, така што немав многу време за тренинзи со момците. Секако ќе треба време за да се адаптирам, јас да се навикнам на нивните движења и акции, тие на моите движења, но верувам дека ќе бидеме подобри и подобри на секој нов меч“, кажа Миовски.

Фото: Facebook/Rangers Football Club

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

За многумина стартот над Хакими беше за во „затвор“, а Крос шокираше: Не беше ниту за црвен! (Видео)

ПСЖ, актуелниот победник во Лигата на шампионите, објави дека ќе биде без повредениот маро…