
Спортскиот директор на Барселона Деко откри дека каталонците би сакале да го продолжат договорот на холандскиот играч Френки де Јонг.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Сегашниот договор на играчот со шпанските шампиони истекува на крајот од оваа сезона.
“Преговараме. Мислам дека ќе постигнеме договор. Тој е важен играч за нас. Мислам дека е среќен во Барселона. И ние сме задоволни од него. Значи, не мислам дека има некакви проблеми тука”, кажа Деко.
Де Јонг учествуваше во два натпревари од Ла Лига оваа сезона досега, а Transfermarkt ја проценува неговата пазарна вредност на 45 милиони евра.