Дома Останати Тенис Жесток удар врз Новак: Ѓоковиќ е полуписмен човек кој ниту основно образование нема завршено

Жесток удар врз Новак: Ѓоковиќ е полуписмен човек кој ниту основно образование нема завршено

Најдобриот спортист на Србија на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, веќе месеци наназад трпи брутални навреди од сопствената земја. Овој пат, остар коментар испрати некогашниот кошаркар, а денес автор и филозоф Љубодраг „Дуци“ Симоновиќ.

Новак Ѓоковиќ плаќа скапа цена заради поддршката на студентите за време на протестите против власта во Србија. Режимот не му простува за овој чекор, особено не за сцените „пумпање“ за време на Вимблдон.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Зборот „пумпај“ стана симбол на отпор против власта на Александар Вучиќ, а Новак го изведуваше на Вимблдон со ќерката Тара.

За поранешниот кошаркар, а денес филозоф Љубодраг Симоновиќ, Новак е странски платеник кој ја руши државата. Брутално го навреди човекот кој е симбол на српскиот спорт.

Популарниот „Дуци“ во емисијата Балкан Инфо изрази сериозни навреди кон Ѓоковиќ.

„Поединци добиваат големи пари и поверуваат дека се способни да одредуваат некои работи и да ги користат“, почна приказната Симоновиќ и продолжува:

„Тоа е случај со Новак Ѓоковиќ. Западот го користи. Планираат тој да биде претседател на Србија. Замисли го тој идиотизам. Еден полуписмен човек кој ниту основно училиште нема завршено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Федерер не успеа повторно: Ѓоковиќ уште еднаш ја одби понудата на Швајцарецот„

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја одби поканата на Роџер Федерер да учествува на “Лејвер к…