
Тренерот на Наполи Антонио Конте призна дека „судбината беше окрутна“ за Кевин Де Брујне при неговото враќање во Манчестер, но покрај поразот од 0:2 во Лигата на шампионите, виде и „позитивни работи“ во играта на својот тим. Италијанскиот стратег смета дека раното исклучување ја уништило средбата во која чувствуваше дека неговиот тим може да и наштети на Сити.
Планот за игра на италијанскиот тим се распадна веќе во 21. минута, кога Џовани Ди Лоренцо беше исклучен поради невнимателниот старт врз Ерлинг Халанд. Тој момент го натера Конте на брза реакција па мораше да го жртвува повратникот Кевин Де Брујне за да го внесе дефанзивецот Матијас Оливера, со што беше нагло прекинато специјалното враќање на Белгиецот на Етихад.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
На прашањето дали се покае што го извади Де Брујне од игра само 26 минути по неговото големо враќање на стадионот на поранешниот клуб, Конте одговори: „Судбината понекогаш може да биде сурова. Минатата сезона имавме само еден црвен картон во Серија А. Овде го добивме по 20 минути. Да го извадам Де Брујне беше единственото што можев да направам во тој момент.“
„Ми беше жал за него, го изгубивме неговиот квалитет во средбата и му ја одзедовме можноста да игра овде против својот поранешен клуб на својот некогашен стадион, но тоа беше единствениот избор“, објасни италијанскиот тренер.