Дома Фудбал Мурињо: Направив грешка со Фенербахче. Тоа не беше моето ниво

Мурињо: Направив грешка со Фенербахче. Тоа не беше моето ниво

ЖОЗЕ МУРИЊО (62) беше претставен како нов тренер на Бенфика. Тој потпиша договор до крајот на сезоната 2026/27, а доаѓа во клубот како замена за Бруно Лае, кој беше отпуштен. Мурињо се враќа во клубот каде што ја започна својата професионална тренерска кариера пред 25 години, а во договорот постои клаузула според која втората година од договорот може да биде раскината 10 дена по завршувањето на тековната сезона.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Бенфика беше првиот голем клуб што го тренираше Мурињо, но без успех. Сега тој се враќа таму откако доби отказ од Фенербахче. Иронијата е што беше отпуштен откако пред само три недели во плејофот за Лигата на шампионите, токму под водство на Лае, Бенфика го елиминираше. Португалецот беше претставен на прес-конференција, каде што се осврна и на разделбата со Фенербахче.

“Направив грешка кога прифатив да го водам Фенербахче. Тоа не беше моето културно ниво, ниту пак моето фудбалско ниво. Едноставно, тие не беа моето ниво.

Давав се од себе до последниот ден, но сега со Бенфика се враќам на моето ниво. Моето ниво е да тренирам во најголемите клубови во светот”, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сака е херојот, Арсенал по 20 години ќе игра финале во Лигата на шампионите! (Видео)

Фудбалерите на Арсенал конечно по две децении обезбедија место во финалето на Лигата на ша…