Дома Фудбал Пеп за рекордерот Халанд: Тој е како Ван Нистелрој и Лева, но и како оние два чудовишта

Пеп за рекордерот Халанд: Тој е како Ван Нистелрој и Лева, но и како оние два чудовишта

ЕРЛИНГ ХАЛАНД (25) стана рекордер во најсилното натпреварување со победоносниот гол за Манчестер Сити против Наполи (2:0) во првото коло од Лигата на шампиони. Во својот само 49. настап во Лигата на шампиони, Халанд го постигна својот 50. гол, надминувајќи го досегашниот рекорд постигнат од Руд ван Нистелрој, кој за остварување на овој број голови му беа потребни 62 натпревари. Историскиот гол на Халанд може да го погледнете ОВДЕ.

На прес-конференцијата по натпреварот, новинарите го побараа Пеп Гвардиола за коментар на овој подвиг на Халанд. Тој беше краток: “Што да кажам за таков голгетерски учинок? Ерлинговите бројки зборуваат сами за себе. Среќни сме што го имаме во тимот. Сакам само да му честитам затоа што е во друштвото на голгетери како Ван Нистелрој и Левандовски, а заедно со оние две чудовишта, Кристијано и Меси. Неверојатно е што Ерлинг веќе е дел од нив.”

Пеп: Може да го надмине Роналдо

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Следеше прашањето дали Халанд може да го сруши рекордот на Кристијано Роналдо, кој во Лигата на шампиони постигна 140 голови. “Ако продолжи со ваков ритам на постигнување голови, можеби. Без повреди, може да игра уште 10 или 12 години. И ако го задржи овој просек на голови, апсолутно ќе може.”

Гвардиола нагласи дека Халанд изминатава сезона се подобрил: “Убеден сум во тоа. Затоа што често игра, има повеќе искуство, учествува во важни натпревари, а се работи и за неговиот менталитет.”

Халанд во седумте натпревари за Сити и Норвешка од почетокот на сезоната постигна 12 голови. Манчестер Сити го купи од Борусија Дортмунд летото 2022 година за отштета од 60 милиони евра. Во моментов, според Tрансфермаркт, вреди 180 милиони евра. За Сити, во 151 натпревар постигнал 130 голови и дал 21 асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хајдук ќе игра натпревар против Осогово во Кочани!

Градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски, од Хрватска донесе голема вест за љубителите н…