
Вечерва ќе се одигра натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Манчестер Сити и Наполи, што значи и враќање на Кевин де Брујне на Етихад.
Белгиецот вечерва ќе се врати во Манчестер откако летово замина од Етихад, поради натпреварот од Лигата на шампионите.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
За Де Брујне ова ќе биде враќање на Етихад каде што помина десет години и освои шест титули во Премиер лигата, како и една титула во Лигата на шампионите.
Според Calcionapoli24, Де Брујне од своето доаѓање постојано е на одредени диети за да ја одржува идеалната тежина.
“Исхраната е клучна за играчите на Наполи и тоа многу добро го знае Антонио Конте.
Тој сака сите да бидат во врвна форма и затоа многу се потпира на Тибеира Анкора и неговите луѓе.
Имајќи ја предвид одличната храна во Италија, постои многу што играчите мораат да избегнуваат”, изјавуваат од овој медиум.
На сите им е јасно дека вечерашниот настап на Етихад ќе биде многу емотивен за Де Брујне, само неколку месеци откако замина од Манчестер Сити.