Дома Фудбал Симеоне за првпат се огласи по хаосот на „Енфилд“ во кој ќе се степааше со навивачите

Симеоне за првпат се огласи по хаосот на „Енфилд“ во кој ќе се степааше со навивачите

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, изрази жалење поради инцидентот со навивачите на Ливерпул на крајот од емотивното отворање на Лигата на шампионите на Енфилд – но вели дека бил испровоциран од „навредите“.

По победоносниот гол на капитенот на „црвените“, Вирџил ван Дајк, во 92. минута кој донесе победа за Ливерпул од 3:2, Симеоне реагираше на провокациите на некои од домашните навивачи.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Аргентинецот се жалеше кај четвртиот судија, додека неколку редари стоеја меѓу него и навивачите на Ливерпул.

Симеоне мораше да биде одведен од местото на инцидентот, иако продолжи да протестира и на крајот беше исклучен, по што се упати кон тунелот.

“Прво, жалам за моето вмешување во сето ова. Јасно е дека сме во позиција во која немаме право да реагираме и дека не е добро кога го правиме тоа”, рече Симеоне.

Сепак, Симеоне го изрази своето незадоволство поради, како што истакна, “навредите низ целиот натпревар” од страна на домашните навивачи.

“Ние (тренерите) сме во позиција каде сме носители на стандарди и пример – исто како што се бориме против расизмот и навредите на терените, можеме да водиме борба и од името на тренерите – против навредите со кои се соочуваме низ целиот меч. Не е лесно да се биде во оваа позиција и да ги слушате навредите 90 минути.“

На прашањето од новинарите за видот на тие навреди, одговори:

“Искрено, не можам прецизно да се сетам. Не сакам да навлегувам во тоа. Она што знам е дека морам да ја задржам својата позиција. Морам да знам како да издржам сè што се случува пред клупата и да бидам свесен дека не можам да го променам општеството. Јас, како и секој тренер, морам да живеам со тоа бидејќи тоа е секојдневна појава. Мојата реакција не е оправдана, но знаете ли како е кога ве навредуваат 90 минути? Се надевам дека Ливерпул може да го подобри тој аспект и дека, кога ќе ја идентификуваат личноста која го сторила тоа, ќе следат и соодветни последици”, истакна Симеоне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Постигнат договор: Меси наскоро става потпис!

Изминативе недели кружеа гласини за потенцијалното заминување на Лионел Меси од Интер Маја…