Дома Фудбал Нoјер оствари историски успех што досега го постигнале само тројца фудбалери во Лигата на шампионите

Нoјер оствари историски успех што досега го постигнале само тројца фудбалери во Лигата на шампионите

ФУДБАЛЕРИТЕ на Бајерн доминираа против Челзи и остварија победа од 3:1 на почетокот на сезоната во Лигата на шампионите. Шампионите на Германија триумфираа благодарение на автоголот на Трево Чалоба и двата гола на Хари Кејн, додека единствениот гол за Челзи го постигна Кол Палмер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Голманот на Бајерн, Мануел Нoјер, постигна јубилејна 100-та победа во Лигата на шампионите. Со ова достигнување, стана само четвртиот фудбалер во историјата на ова натпреварување кој има трицифрена бројка на победи. Се здружи со рекордерот Кристијано Роналдо, како и со Томас Милер и Икер Касиљас.

  1. Кристијано Роналдо – 115
  2. Томас Милер – 111
  3. Икер Касиљас – 101
  4. Мануел Нејер – 100
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Момчето е измамник“: Клубот бара 150 милиони евра, а тој не испрати удар кон голот за време на СП!

Младата ѕвезда Јан Диоманде има разочарувачки настап на Светското првенство. Овој 19-годиш…