
Тренерот на Ливерпул Арне Слот го коментираше настапот на новите засилувања. Тој зборуваше за утрешниот натпревар против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите, како и за состојбата на Александар Исак.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
“Секако има шанса Исак да игра, затоа што е во тимот. Она што можам да го кажам со сигурност е дека нема да игра 90 минути,” сподели тренерот. “Најголемиот предизвик за него е да влезе во ритам, бидејќи пропушти четири месеци нормални тренинзи. Тој докажа во Њукасл дека е доволно добар за да игра за Ливерпул. Сега треба да влезе во кондиција за да може да го прави она што го правеше минатата сезона.”
„Толку многу внимание се посветува на нашите нови пополнувања, особено од аналитичари кои претпочитаат некои други тимови во земјата. Не престануваат да зборуваат и да повторуваат дека сме потрошиле 450 милиони фунти, но секогаш забораваат дека продадовме играчи за 300 милиони“