Дома Фудбал Иновација на Луис Енрике: Натпреварот на ПСЖ го гледаше од новинарската ложга – еве и зошто!

Иновација на Луис Енрике: Натпреварот на ПСЖ го гледаше од новинарската ложга – еве и зошто!

Тренерот на Париз Сен Жермен, Луис Енрике, уште еднаш покажа зошто важи за еден од најкреативните фудбалски тренери на денешницата.

Во натпреварот од петтото коло на Лига 1 против Ленс, шпанскиот стратег изведе неконвенционален потег, следејќи го првото полувреме од трибините, поточно од новинарската ложа.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Овој негов чекор беше неочекуван за многумина, но Енрике по натпреварот објасни дека не станува збор за каприз, туку за внимателно осмислена тактика инспирирана од регби.

“Долго време набљудувам како тренерите од регби ги следат натпреварите од повисоки позиции. Идејата ми се допадна бидејќи овозможува јасен преглед на играта. Сакав да пробам и самиот и можам да кажам дека беше извонредно. Се може да се контролира подобро”, изјави Енрике по натпреварот.

Тој истакна дека “птичјиот поглед” му овозможил подобро да ги анализира положбите на играчите, движењата без топка, празните простори и линиите на додавање. Сето тоа му помогнало да направи конкретни и квалитетни прилагодувања во второто полувреме.

“На полувреме ја имате совршената слика на играта пред себе. Јасно гледате кој одиграл добро, а кој не. Имате директни информации кои ви помагаат за подобри одлуки”, објасни тренерот на ПСЖ.

Иако овој пристап сè уште е невообичаен во европскиот фудбал, Енрике не ја исклучува можноста повторно да го користи во идните натпревари. Шпанскиот тренер е познат по својата отвореност кон нови идеи, а инспирацијата од други спортови, како рагбито, само го потврдува неговото стремење да ги поместува границите во тренерската професија.

Доколку се покаже како успешен, не е исклучено да видиме и други тренери, особено во најголемите европски клубови, како првото полувреме го следат од трибините наместо од клупата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aнчелоти нема дилеми: Ова се најдобрите фудбалери кои ги тренирал!

Нема сомнение дека Карло Анчелоти е еден од најдобрите фудбалски тренери на сите времиња. …