Дома Фудбал Парите не се најважни: Јувентус одби 70 милиони евра за еден од најдобрите играчи

Парите не се најважни: Јувентус одби 70 милиони евра за еден од најдобрите играчи

Челси имаше амбиција да го привлече Јилдиз, но удри на ѕид во Торино. Клубот од Лондон беше активен на трансфер пазарот, не жалејќи пари, а на плановите на „Сините“ беше и Кенан Јилдиз.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Еден од најдобрите играчи на Јувентус беше на мета на Челси, кој за неговото ослободување понуди 70.000.000 евра, пишува „Калчомеркато“.

„Старата дама“ ги одби парите и покажа дека смета на турската ѕвезда на долг рок, а за тоа говори и планот да му се продолжи договорот до 2030 година, со зголемување на платата.

Откако беше промовиран во првиот тим на Јувентус, Јилдиз многу брзо се истакна и стана непроценлив член на екипата од Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар ита кон титулата, сега само чудо може да го спречи! (Видео)

Фудбалерите на Вардар максимално го искористија киксот на Шкендија, која не успеа да слави…