Дома Останати Поп Арсова го освои 62. место на маратонот на СП во Токио

Поп Арсова го освои 62. место на маратонот на СП во Токио

Македонската атлетичарка Адријана Поп Арсова Рашиќ ја заврши маратонската трка во рамките на Светското првенство во Токио, освојувајќи го 62. место во женска конкуренција.

Нашата најдобра маратонка до целта стигна со време од 3 часа, 1 минута и 49 секунди.

Иако условите за трчање беа исклучително тешки поради високите температури, Поп Арсова Рашиќ покажа упорност и издржливост, успевајќи успешно да ја заврши трката и да ја претстави Македонија на големата атлетска сцена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Спид истрча 100 метри за 10,35 пред Болт: Следна цел му се Олимписките игри!

Американскиот стример го воодушеви Јусеин Болт со неофицијален спринт, а зад неговиот напр…