Дома Фудбал Однесувањето на Гарначо по голот на Каиседо предизвика бура во Англија::

Однесувањето на Гарначо по голот на Каиседо предизвика бура во Англија::

Ова лето, Алехандро Гарначо одлучи да го замени дресот на Манчестер Јунајтед со оној на Челси, откако Рубен Аморим го отфрли од своите планови.

По синоќешниот натпревар меѓу Челси и Брентфорд, централна тема стана неговата еуфорична прослава после фантастичниот гол кој го постигна Мојзес Каиседо.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Аргентинецот на 21 година направи трансфер од Манчестер Јунајтед во Челси за околу 50 милиони евра и го имаше својот деби натпревар против Брентфорд за новиот клуб.

На терен влезе во 79-та минута, заменувајќи го Жоао Педро, а се позиционираше на левото крило.

Не му требаше многу за да направи впечаток, сè се случи кога Каиседо постигна извонреден гол по асистенцијата на Аргентинецот.

Набрзо по запишаниот гол, Алехандро Гарначо се истакна со својата страсна прослава покажувајќи кон навивачите на Челси.

Јасно е дека навивачите на Челси го прифатија Гарначо со раширени раце поради неговата прослава, но на приврзаниците на противникот таа не им се допадна толку.

“Ми се допаѓа како славеше Гарначо, изгледа не можеше да дочека да ја напушти Манчестер Јунајтед.”

“Прославата на Гарначо, веќе му станав голем обожавател.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите на Интер збеснаа: Го бркаат Турам кај брат му во Јувенту!

Браќата Тирам, заедно со Василиј Аџиќ, беа во центарот на вниманието на „Дерби Италије“. П…