Дома Фудбал Јувентус го расплака Интер на крајот со „проектил“ на тинејџер од Црна Гора

Јувентус го расплака Интер на крајот со „проектил“ на тинејџер од Црна Гора

Екипите на Јувентус и Интер завршија со резултат 4:3 на „Алијанц Стадион“ во Дерби д’Италија од третото коло на Серија “А”.

Лојд Кели го постигна голот за домаќините во 14. минута, а во 30. минута Хакан Чалханоглу израмни за гостите. Торињците, сепак, ја вратија предноста веќе во 38. минута преку Кенан Јилдиз.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во 65. минута Чалханоглу повторно го израмни резултатот со својот втор гол на натпреварот. Целосниот пресврт во натпреварот се случи во 76. минута благодарение на голот на Маркусе Турам.

Сепак, во 83. минута неговиот брат Кефрен Турам донесе ново израмнување во средбата. На крајот, резервистот Василие Аџич му донесе победа на Јуве во додаденото време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јирген Клоп нема откупна клаузула, појасни неговиот работодавач

Дали Јирген Клоп може лесно да се врати како менаџер на некој клуб? Пред некое време се зб…