
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, повторно ја покажа својата доверба кон својот напаѓач Ерлинг Халанд. Поводот беше изјавата на новиот тренер на Ливерпул, Арне Слот, кој оцени дека во моментот Александер Исак е најдобриот напаѓач на светот. Англиските новинари веднаш беа заинтересирани дали Гвардиола го дели тоа мислење и како го споредува Халанд со шведскиот голгетер.
„Го ставам Халанд малку над Исак. Исак е извонреден играч, но ако ме прашувате за Ерлинг, тој е врвен“, посочи Пеп.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Гвардиола потоа додаде дека високо го цени и Исак, но ги изненади многумина кога нагласи дека според неговото мислење Норвежанецот има предност и во однос на најголемите легенди:
„Исак веројатно е врвен фудбалер штом толку го платиле. Некој друг можеби ќе го спомене Мбапе, Меси или Кристијано Роналдо, но јас не би го заменил Ерлинг за никого“, вели тој.