Дома Останати Кошарка По дебаклот на Евробаскетот: Пешиќ повеќе не е селектор на Србија

По дебаклот на Евробаскетот: Пешиќ повеќе не е селектор на Србија

Легендарниот стратег реши да се повлече по дебаклот на Србија на Европското првенство и испаѓањето од Финска во осминафиналето. Тоа го соопшти во интервју за ‘Политика’.

Според зборовите на Пешиќ, Кошаркарскиот сојуз на Србија веќе активно ја бара неговата замена, а тој учествува во изборот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Дојде време да се најде нов тренер кој ќе може да го продолжи она што го започнавме. Му ветив на Човиќ дека целосно ќе ја исполнам улогата што ми ја додели во изборот на новиот селектор”, изјави Пешиќ.

Познатиот ‘Кари’ изминативе денови беше под голем притисок на јавноста. Многу стручњаци му порачаа дека најдобро би било да оди во пензија.

76-годишната тренерска легенда со ладнокрвност ги отфрли сите критичари. Беше брутален.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Шенѓун ги „пецна“ Грците со една од најголемите трагедии (Фото)

Турскиот кошаркар Алперен Шенѓун по полуфиналната победа над Грција и пласманот на неговат…