Дома Останати Ракомет Охрид повторно домаќин на еден голем ракометен настан!

Охрид повторно домаќин на еден голем ракометен настан!

По неколкугодишна пауза, повторно ќе се одржи меѓународниот ракометен турнир „Трофеј Македонија“, кој оваа година ќе го збогати спортскиот календар и ќе донесе вистинска ракометна возбуда.

Во периодот од 18 до 20 септември 2025 година, спортскиот центар „Билјанини извори“ во Охрид ќе биде домаќин на турнирот во организација на Ракометната федерација на Македонија.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Голема чест за македонскиот спорт е што женската сениорска репрезентација ќе биде носител на ова натпреварување и ќе има можност пред домашната публика да се соочи со квалитетни селекции како што се Грција, Египет и Тунис.

„Трофеј Македонија 2025“ претставува значаен чекор во промоцијата и развојот на женскиот ракомет во земјава, но и уште една потврда за местото и улогата на македонскиот ракомет на европската и светската сцена.

РФМ ги поканува сите љубители на спортот да бидат дел од ова големо случување и да ја исполнат салата во Охрид, со што ќе се создаде незаборавна атмосфера во текот на трите дена исполнети со врвен ракомет и силна поддршка за македонските ракометарки.

Ќе потсетиме, Охрид годинава беше домаќин и на Суперкупот, па така ова е уште еден голем настанн кој ќе се одржува во овој град.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар го дозна распоредот на натпревари во Лига Европпа

Ракометниот клуб Вардар, поранешен македонски и европски шампион, оваа сезона ќе биде дел …