
Познатиот холандски фудбалер Едгар Давидс (52) преживеал неочекуван инцидент кога неговата поранешна девојка Набил Хабиби го ограбила.
Во 2014 година, Хабиби живееше со Давидс откако тој се пресели во Лондон. Тогаш, спортистот ѝ ја доверил својата колекција на уметнички слики, проценета на 220.000 евра.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Сликите беа складирани во сеф и Давидс беше сигурен дека се безбедни. Но, дури по неколку години дознал дека Хабиби ги украла.
Edgar Davids voor 220.000 euro beroofd: ‘Vertrouwde vriendin toe’. #rtlboulevard https://t.co/Xr3HWJIIlu
— RTL Boulevard (@RTLBoulevard) September 11, 2025
Деталите за кражбата излегоа на виделина овие денови, бидејќи се одржува судењето на 38-годишната Хабиби, која украла 37 слики. Тие биле понудени како залог во различни продавници, овозможувајќи ѝ кредити во висина од речиси 30.000 евра.
Истината исплива на површина кога Хабиби не можеше повеќе да ги отплаќа каматите за тие кредити, а за време на актуелното судење ги призна своите дела.
“Имаше доверба во неа, но таа го ограби”, изјави обвинителот Марк Сејмур на почетокот од судењето.
Хабиби долго време тврдела дека не е замешана во кражбата, но на крај ја призна. На прашањето за мотивот, објасни дека како независна консултантка, заработувала “само” 6.000 евра месечно.
Патем, ова не е нејзин прв прекршок. Претходно измамила пријател користејќи ја неговата банкарска картичка за да плаќа кирија за својот стан неколку месеци. Тој пријател изгубил 3.500 евра.
Давидс се пензионираше од фудбалот во 2014 година, завршувајќи ја кариерата во дресот на англискиот тим Барнет од пониските лиги. Претходно беше дел од Ајакс, Тотенхем, Интер, Јувентус, Барселона и Милан. За холандската репрезентација одиграл 74 натпревари.