Дома Фудбал Репрезентации „Моцарт“ знае како против Шведска и има совет за Вентура

„Моцарт“ знае како против Шведска и има совет за Вентура

Репрезентацијата на Италија вчера запиша пораз во натпреварот против Шведска во првиот натпревар од баражот за Светското првенство во Русија.

Италијанците одиграа навистина под своето ниво и не заслужија да победат во Стокхолм. Сега ветеранот и легендата на италијанскиот фудбал Андреа Пирло му даде совет на Џампиеро Вентура како да стигне до позитивен резултат во вториот натпревар.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Во реваншот јас би се одлучил за напаѓачка формација 4-3-3, која би му обезбедила повеќе простор на Лоренцо Инсиње кој лесно може да добива дуели еден на еден со противничките фудбалери“, изјави популарниот „Моцарт“.

„Ова беше натпревар во кој загубивме многу топки на средината од теренот. Мораме лесно и брзо да ја префрламе играта на крилните позиции и на брзите фудбалери да им создававме ситуации еден на еден. Тоа нема да биде лесно, Шведска покажа дека знае да одигра добро и да не ни остава простор. Покрај тоа притисокот сигурно ќе биде на наша страна, ние сме тие кои сме фаворити во овој бараж“, заврши Пирло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…