
Нова можност за бразилскиот млад фудбалер да покаже дека талентот влече од коренот.
Договорот со 20-годишниот Бразилец е склучен на една сезона.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Жоао Мендеш де Асис Мореира е роден на 25 февруари 2005 година. Потекнува од Рио де Жанеиро и претходно играше за младинските екипи на Фламенго, Васко да Гама, Боавишта, Крузеиро, Барселона и Барнли.
Покрај тоа што е бразилски државјанин, овој талентиран фудбалер има и шпански пасош.
Неговиот татко, 45-годишниот Роналдињо, е сметан за еден од најдобрите бразилски фудбалери на сите времиња. Во текот на својата блескава кариера настапил за клубови како што се Пари Сен Жермен, Барселона, Милан и Фламенго. Играл за бразилската репрезентација 97 пати, постигнувајќи 33 гола.
ѓ