Дома Останати Тенис Се ближи ли крајот: Австралијан опен ќе биде последниот голем турнир на Ѓоковиќ!?

Се ближи ли крајот: Австралијан опен ќе биде последниот голем турнир на Ѓоковиќ!?

На сите им е јасно дека крајот на кариерата на Новак Ѓоковиќ се ближи, но никој со сигурност не знае кога тоа ќе се случи.

Постојат различни мислења и информации, но она што е вистина е дека Ѓоковиќ со 38 години успеа оваа сезона да стигне до полуфиналето на сите четири грен слем турнири.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сепак, таму го запреа најдобрите во моментот – Јаник Синер и Карлос Алкарас, па прашање е дали Новак ќе може на најголемите турнири да ги победи, всушност, дали ќе има сили за тоа.

Рене Стебс, поранешна тенисерка во двојки и тренер на Серена Вилијамс во еден момент, има свое видување каде и кога Ѓоковиќ ќе ја заврши кариерата:

„Имам чувство дека Австралијан опен ќе биде неговиот последен голем турнир на кој ќе игра. Не верувам дека сака да продолжи да игра по тоа и да оди на Ролан Гарос. Тој е толку добар на секоја подлога, но не гледам дека може да ги добива тие момци во пет сета на шљака и да оди потоа на Вимблдон“, рече Стебс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Зачудувачки сцени од најголемиот ‘дивјак’ на тениското игралиште (видео)

Даниил Медведев стана омразен човек на АТП турнејата. Причината е неговото однесување кое …