Дома Фудбал Пикси ќе стане минато: Мурињо би можел да ја спасува Србија!?

Пикси ќе стане минато: Мурињо би можел да ја спасува Србија!?

По дебаклот против Англија, во Србија владее вистински очај, никој не го посакува Драган Стојковиќ Пикси на клупата, а веќе се бара кој би можел да го наследи во наредниот период.

И додека Фудбалскиот сојуз на Србија не планира да му го сврти грбот на својата легенда, навивачите и речиси сите медиуми посакуваат што побрза промена, а порталите почнаа со анализа кој би бил најдоброто решение за жешката клупа.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Стојковиќ има договор до летото 2026 година, прашање е дали ќе го одработи до крај, бидејќи следуваат многу важни натпревари за крај на квалификациите, вклучувајќи ја и онаа со Албанија која е на програмата во октомври.

Меѓу слободните се наоѓаат Јоахим Лев, кој во 2014 година беше со Германија светски првак и кој веќе четири години не води никого. Фудбалскиот сојуз на Србија наводно го контактирал минатата година. Покрај него, тука е и Јирген Клинсман, поранешен селектор на Германија, САД и Јужна Кореја.

Без договор се и Лучано Спалети и Тиаго Мота, кои добија откази од страна на Фудбалската федерација на Италија и Јувентус.

Постојат и нереални опции како што се Чави, Жозе Мурињо, за кои треба “брдо пари”, а интересно е што се спомнуваат и Вахид Халилхоџиќ, и Един Терзиќ, кои се слободни. Проверени стручњаци се, но исто така изгледаат како невозможна мисија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Свршеницата на Роналдо објави фотографија од 18 милиони евра (Фото)

Кристијано Роналдо минува низ тежок период во Саудиска Арабија, но изгледа дека неговата п…