
Фудбалската репрезентација на Бразил доживеа пораз на гостувањето кај Боливија, каде домаќините однесоа победа со резултат од 1:0.
Сепак, натпреварот беше обележан со многу контроверзии, особено поради тактиките кои ги користеше домашниот тим за да го задржи водството и да ги победи Бразилците.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Во текот на мечот не беа достапни топки за игра, а оние што беа на теренот беа издишани и неприспособни за употреба.
Покрај тоа, навивачите од Боливија ја прекинуваа играта на Бразил така што фрлаа топки од трибините на теренот во критични моменти.
Ваквиот натпревар беше прв пораз за Анчелоти во улога на селектор на Бразил, но тој и претседателот на Фудбалската федерација на Бразил не се воздржаа, изразувајќи жестоки протести по натпреварот.
Решавачкиот гол беше постигнат од пенал, кој беше досуден во судиското продолжение на првото полувреме по интервенција од ВАР собата.
Анчелоти изјави дека има голема доверба во тимот и дека ќе бидат успешни на Светското првенство..
“Ова беше уникатен и тежок натпревар за нас”, изјави Анчелоти.
Претседателот на Фудбалската федерација на Бразил, Самир Хауд, беше многу поостар во своите коментари.
“Игравме против 14 играчи денес. Ова што се случи е жално. Дојдовме да играме фудбал, но сведоци бевме на нечесна игра од моментот кога пристигнавме.
На висина од 4000 метри надморска височина игравме против судии, полиција, и децата кои ги снабдуваа терените со топки.
Ги отстранувавме топките од теренот, а тие носеа нови. Ова беше срамота”, вели Хауд.
Бразил ја заврши групната фаза на квалификациите за Светското првенство во Јужна Америка на петтото место со 28 бода по 18 одиграни натпревари.
Со ова постигна пласман на Светското првенство кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада.
Од друга страна, Боливија обезбеди седмо место и ќе се натпреварува во интерконтиненталниот плеј-оф.