Дома Фудбал За првпат по 31 година една фудбалска репрезентација на Македонија денеска ќе игра во Битола!

За првпат по 31 година една фудбалска репрезентација на Македонија денеска ќе игра во Битола!

Битола конечно доби стадион кој ги исполнува условите за одигрување европски натпревари од повисок ранг, а токму таму денеска ќе се одигра и првиот таков дуел младинската селекција до 21 година на Македонија ќе ја Италија.

Ова ќе биде првпат по пауза од 31 годна една фудбалска репрезентацијан а Македонија да игра во Битола. Тогаш на 11 октомври 1994 година во рамките на квалификациите исто така до 21 година, игравме против Шпанија. Тогаш „црвената фурија“ со погодок на Оскар Гарсија триумфираше минимално со 1-0. За Македонија настапија: Грујоски, Капинковски, Николовски, Герасимовски, Васевски, Ангелов, Захариевски, Ѓорѓиоски, Михајлов, Шаќири и Христов, а како замени влегоа Шаиноски и Беќири. Селектор на тимот беше Јово Никушев.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Денеска од 18:15 часот Македонија У21 повторно ќе излезе на битолскиот терен, овој пат против младинците на Италија во рамките од второто коло на квалификациите за Европското првенство. Нашата репрезентација во првото коло загуби на гостувањето во Полска со 3-0, додека „азурините“ беа подобри од Црна Гора со 2-1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Маракана“ грми по дебаклот од Англија: Пикси, оди си (Видео)

Навивачите на Србија не се среќни по дебаклот од Англија среде „Маракана“ во Белград, пора…