Дома Фудбал Многумина тврдат дека Зидан презема европски гигант, но сега се појавија нови детали за неговата желба

Многумина тврдат дека Зидан презема европски гигант, но сега се појавија нови детали за неговата желба

Зинедин Зидан јасно зборуваше за својата следна работа, и сето тоа стана актуелно откако излегоа информации дека се договорил да преземе европски гигант.

Имено, овој одличен тренер е без работа откако во 2021 година го напушти Реал Мадрид и оттогаш не сакаше да прифати ниту една понуда.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Минатата година Марка пренесе информации дека Зидан донел одлука дека на тренерската функција ќе се врати само ако го повика Реал Мадрид или репрезентацијата на Франција во иднина.

Франција е во потрага по нов селектор бидејќи Дидие Дешан јасно кажа дека решил да си замине од позицијата селектор по Светското првенство кое ќе се игра следната година.

Вчера Оксиген од Турција донесе големи вести, а се работи за тоа дека новинарите на Оксиген тврдат дека Зидан постигнал договор со Фенербахче.

Тие додадоа дека Французинот само уште треба да отпатува за Турција, откако преговорите за платата и деталите од договорот биле завршени.

Фенербахче е во потрага по тренер кој ќе го наследи Португалецот Жозе Мурињо, кој доби отказ минатиот месец откако не успеа со тимот да се квалифицира во Лигата на шампионите.

Сепак, многумина веруваат дека нема вистина во тоа дека Зидан ќе го преземе Фенербахче, и тоа поради неговите зборови од 2022 година.

“Кога бев играч можев да бирам речиси секој клуб, но како тренер немам 50 клубови каде што можам да одам. Има две или три опции.

Ако одам во клуб, сакам да освојувам сè. Тоа е една од причините поради кои не можам да одам било каде, но постојат уште некои причини. На пример, поради јазикот. Одредени услови ги прават нештата посложени. Кога ме прашуваат луѓе зошто не одам во Манчестер Јунајтед, јас го разбирам англискиот јазик, но не го зборувам совршено.

Знам дека има тренери кои преземаат клуб иако не го зборуваат совршено јазикот, но јас работам поинаку. Знам што ми е потребно за да победам”, рече Зидан.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бетис нуди нов договор на Иско, кој ќе го израмни со Антони

Бетис подготвува нов договор за 33-годишниот играч од средниот ред Иско, кој ќе го стави р…