Дома Фудбал Суарез нема долго ниту да каса, ниту да плука: Уругваецот доби голема суспензија

Суарез нема долго ниту да каса, ниту да плука: Уругваецот доби голема суспензија

Напаѓачот на Интер Мајами, Луис Суарез, доби дополнителна казна од три меча суспензија во најамериканската МЛС лига поради инцидентот по финалето на купот на Лигата против Сиетл, одиграно на 31 август. Уругваецот по поразот на неговиот тим (3:0) влезе во расправија на теренот и потоа плукна член на стручниот штаб на противникот.

Поради ова, Суарез ќе ги пропушти лигашките натпревари против Шарлот (13 септември), Сиетл (16 септември) и Ди-Си Јунајтед (20 септември).

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Да потсетиме, уште претходно Дисциплинската комисија на купот на Лигата го суспендираше Суарез за шест натпревари во идните изданија на ова натпреварување.

Фудбалерот брзо се огласи на социјалните мрежи и упати јавно извинување:

„Тоа беше момент на голема фрустрација и тензија веднаш по завршувањето на натпреварот. Тоа не ја оправдува мојата реакција. Направив грешка и искрено се извинувам. Тоа не е сликата што сакам да ја оставам пред моето семејство и клубом.“

Интер, исто така, се огласи, осудувајќи го однесувањето на своите играчи по финалето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шефот на Баерн го негира интересот кон Салах

Спортскиот директор на Баерн Минхен Макс Еберл ги отфрли шпекулациите за евентуално доведу…