Дома Кошарка Кошаркар на Ц. Звезда поради политика остана без Евробаскетот!?

Кошаркар на Ц. Звезда поради политика остана без Евробаскетот!?

Кошаркарската репрезентација на Србија шокантно е елиминирана од Финска во осминафиналето на Евробаскетот. Целата вина паднала на легендарниот Светислав Пешиќ, а сега се појавуваат одредени информации за одредени играчи кои не патувале. Главното име е Дејан Давидовац.

Светислав Пешиќ направи интересен потег кога одлучи Дејан Давидовац да не патува на Евробаскет во Рига.

Многумина сепак тврдат дека Давидовац бил изоставен поради политички причини. Тој беше виден на протестите против режимот.

Секој кој е против режимот се соочува со сериозни последици. Очигледно е меѓу нив и Давидовац кој на крајот не го најде своето место на првенството на Европа.

На крајот 30-годишникот можеби и најдобро мина. Не беше дел од тимот кој доживеа дебакл против Финска.

Секако, никој никогаш нема да признае дека се работи за казна поради политика. Сепак, каде што има чад, има и оган и многу е можно дека има нешто во позадина.

.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

ТФТ прими 107 поени и остана без победа во АБА2

ТФТ загуби од Херцеговац со 107-82 и по две кола во групата Б сè уште нема победа. Разлика…