Дома Топ вести ФОТО: Мурињо во тајна мисија за време на натпреварот во баражот

ФОТО: Мурињо во тајна мисија за време на натпреварот во баражот

Жозе Мурињо одлучи да ја искористи репрезентативната пауза за со своите помошници да ги следи играчите на Манчестер Јунајтед, но и потенцијалните засилувања.

Португалскиот стратег на изненадување на многумина одлучи да го следи синоќешниот натпревар помеѓу Шведска и Италија. Мурињо наводно одлучил да ги прати играчите на Јунајтед, Дармиан и Линделоф, но многумина веруваат дека Мурињо допатувал за да ги гледа потенцјалните мети за јануарскиот трансфер период.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Според пишувањето на англиските медиуми, Мурињо го следел овој натпревар поради репрезентативецот на Шведска, Емил Форсберг, кој Јунајтед ќе се обиде да го доведе во јануари. Овој Швеѓанец го носи дресот на Лајпциг, но оваа сезона одигра само шест натпревари. На Мурињо исто така му помагаше и напаѓачот на „Црвените ѓаволи“, Златан Ибрахимовиќ кој го бодреше своите поранешни соиграчи.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Пеколна нокаут фаза: Шпанија, Франција, Германија и Португалија од иста страна

Веќе е при крај групната фаза на Европското првенство и полека се право костурот за нокау …