Дома Фудбал На повидок потпис: Се најде клуб кој сака да му даде шанса на Деле Али

На повидок потпис: Се најде клуб кој сака да му даде шанса на Деле Али

Рексам оваа сезона е решен сериозно да се вмеша во борбата за промоција во Премиер лигата.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Ова го покажуваат и средствата кои ги инвестираше во летните трансфери, а сега има интерес да го доведе поранешниот играч на Тотенхем, Деле Али.

Навистина, кариерата на екс-англискиот репрезентативец помина низ значителен пад последниве години, но потпис со него би бил голем потег за клубот. Али е моментално без клуб откако не ја продолжи соработката со Комо.

Во Комо тој настапи само на еден натпревар каде доби директен црвен картон, што ја заврши кратката авантура во италијанскиот тим.

Али во кариерата беше дел уште од Евертон и Бешикташ. Иако има само 29 години, сè уште може да се очекува нешто големо од него, и покрај тоа што во еден момент размислуваше за прекин на кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арбелоа има „крт“ во соблекувалната, открива сè од приватната група, сите се сомневаат на една личност!

Не се смируваат страстите во Реал Мадрид изминатите денови, а и денес пристигнува нова вес…