Дома Останати Тенис Ѓоковиќ: Алкараз и Синер се едноставно пресилни

Ѓоковиќ: Алкараз и Синер се едноставно пресилни

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ говореше на прес-конференцијата по поразот во полуфиналето на САД опен.

Ѓоковиќ загуби со максимален резултат од Карлос Алкарас – 6:4, 7:6 (4), 6:2. Новак имаше солидна сезона на Грен слем турнирите и четири полуфиналиња, но Алкарас и Јаник Синер се премногу силни.

„Мислам дека си во право. Изгубив три од четири Грен слема во полуфиналињата против нив двајца. Едноставно се пресилни, играат на многу високо ниво. Останав без енергија после вториот сет. Два сета можев да се држам со него, тој после тоа можеше уште, а јас не. Истото ми беше и со Јаник. Тешко ми е баш на три добиени да играм со нив, особено во завршниците на слемовите”, рече Ѓоковиќ.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Лоши вести за Ѓоковиќ: Медведев го помина првото коло во Пекинг

Данил Медведев го победи Пабло Карењо-Буста и се пласираше во второто коло на АТП турнирот…