Дома Фудбал Роналдо изгуби трпение и грубо турна навивач (ВИДЕО)

Роналдо изгуби трпение и грубо турна навивач (ВИДЕО)

Познатиот португалски фудбалер Кристијано Роналдо грубо го одстрани навивачот од својата близина во хотел во Ереван.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Инцидентот беше снимен и споделен на социјалните мрежи, каде предизвика многу коментари од разочарани обожаватели. На видеото се гледа како навивачот му се приближува за да направи селфи со фудбалерот, но Португалецот во движење грубо го оддалечува младиот човек.

По инцидентот, брзо интервенираше обезбедувањето, кое ги отстрани останатите навивачи од познатиот фудбалер.

Португалската репрезентација на 6-ти септември во сабота игра против домашната репрезентација на Ерменија во квалификациите за Светското првенство 2026 година. Натпреварот во Ереван започнува во 18 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Објавени детали: Дали Инфантино планираше да создаде Суперлига на ФИФА?

Меморандумот од октомври 2020 година покажува дека се разгледувало натпреварување со 15 по…