Дома Фудбал Шокантно откритие: Поранешниот фудбалер на Јувентус за малку ќе го загубел животот додека летал на преговори за трансфер!

Шокантно откритие: Поранешниот фудбалер на Јувентус за малку ќе го загубел животот додека летал на преговори за трансфер!

Уредникот на германскиот весник „Билд“, Кристијан Фалк, во својата книга “Трансфер Инсајдер” открива драма од пролетта 2022 година, кога тогашните раководители на Баерн и спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ, кој е и поранешен фудбалер на Јувентус избегнале катастрофа во Мадрид.

Салихамиџиќ и Непе патувале во приватен авион по тајна средба со познатиот агент Хорхе Мендеш и напаѓачот Жоао Феликс, кој во тоа време беше еден од главните мети на минхенскиот клуб како можен наследник на Роберт Левандовски.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во текот на летот за Минхен, непосредно пред слетувањето, пилотот на летот ненадејно изгубил контрола и им се обратил на патниците со само една кратка порака: “Молете се!”.

Салихамиџиќ и Непе биле шокирани и убедени дека им претстои смртна опасност.

Пилотот дополнително објаснил дека едно од тркалата не можело да се спушти, а авионот бил преоптоварен со гориво, со ризик за експлозија при ударот, и затоа им советувал да бидат подготвени за најлошото.

Познатиот Браца успеал да ја повика неговата сопруга Естер за да ја пренесе последната порака и да се збогува, додека Непе ја гледал со неверување светлоста од пожарникарските возила кои ги очекувале за принудното слетување, пишува Bild.

Слетањето на крајот било успешно, без експлозија или превртување, а патниците поминале без повреди, иако потоа долго ја чувствувале психолошката траума која, како што пишува Фалк. /p> Коментари