Дома Останати Кошарка Познат е целиот костур на Евробаскетот: Србија ќе се соочи со пекол до крајот (Фото)

Познат е целиот костур на Евробаскетот: Србија ќе се соочи со пекол до крајот (Фото)

Со завршувањето на последните две натпревари во групите Ц и Д, комплетирана е целата групна фаза, а исто така се познати сите парови за осминафиналето на Евробаскетот.

По борбите во Рига, Тампере, Лимасол и Катовице, најдобрите 16 селекции на Европа се преселуваат во престолнината на Летонија каде на 14 септември ќе го добиеме новиот првак на „стариот континент“.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Тоа е сосема сигурно, бидејќи актуелниот шампион Шпанија го заврши натпреварувањето уште вечерва во групната фаза.

Со поразот од Грција, „фуријата“ е елиминирана, а еден од претендентите за испразнетиот трон е и Србија.

Меѓутоа, поразот на “Орлите” од Турција ја искомплицира ситуацијата и ги испрати во другиот дел на костурот, каде што ги очекува многу потежок пат до финалето.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Обвинителството со детали за апсењето на екс-кошаркарот Штимац во Белград

Во Вишото јавно обвинителство во Белград испитан беше поранешниот кошаркар Владимир Штимац…