Дома Фудбал Италијанскиот ветеран жестоко го критикуваше Влаховиќ: Се однесува како крал, а ништо не прави!

Италијанскиот ветеран жестоко го критикуваше Влаховиќ: Се однесува како крал, а ништо не прави!

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ се најде под жестока критика од поранешниот италијански репрезентативец Антонио Касано.

Антонио Касано е познат по своите остри коментари за фудбалските случувања во Италија. Душан Влаховиќ беше честа тема на неговите дискусии, тврдејќи дека е преценет.

Касано се осврна на прославата на головите на Влаховиќ на почетокот на сезоната. Како резервист, постигна два гола и потоа ги рашири рацете.

Таквиот начин на славење никако не му се допадна на Касано, кој го нарече промашување.

“Влаховиќ не си замина, а Јувентус го користи бидејќи мислат дека така мора. Му прават услуга”, истакнува Касано и продолжува:

“Влаховиќ испадна проблем на Јувентус бидејќи рече ‘Јас останувам овде’. Видете само какви изјави дава…”

“Доведен беше за огромни пари и добива огромна плата, а веќе три години игра лошо. Сега даде два гола, па се однесува како цар. Всушност е промашување. И уште секој месец му тече плата.”

Душан Влаховиќ во јануари 2022, пристигна од Фиорентина за 84 милиони евра. Во дресот на Старата дама досега настапи 147 пати, со 60 гола и 14 асистенции.

Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сити има седум од седум, но Вила знае како да го запре лидерот

Манчестер сити гостува кај Астон вила со максимален учинок во Премиер лигата, но тимот на …