Дома Фудбал Антони: Само јас знам колку тешко ми беше во Манчестер Јунајтед

Антони: Само јас знам колку тешко ми беше во Манчестер Јунајтед

Бразилскиот офанзивец Антони во 2022 година пристигна во Манчестер јунајтед како едно од најголемите засилувања, со големи очекувања од клубот и навивачите. Сепак, неговите настапи не го оправдаа вложениот капитал и довербата, па наместо аплаузи се соочи со жестоки критики и негодување од трибините.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По разочарувачкиот период на „Олд Трафорд“, Антони реши да ја оживее кариерата на друго место. Минатата сезона ја мина во редовите на шпанскиот Бетис, каде буквално доживеа фудбалска ренесанса.

„Само јас знам низ што поминував во Манчестер, колку беше тешко и колку мораше да тренирам сам за да останам во форма. Но тоа е дел од животот и од кариерата на еден професионалец. Минатото го оставам зад мене – мојот фокус е иднината“, изјави Антони.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Добар старт, но лош крај: Шкендија загуби од Браво по пресврт

Шкендија загуби со 1-2 на гостувањето кај Браво во Љубљана во првиот натпревар од второто …