Дома Фудбал Најсилниот тим во Европа има сериозен проблем: „Не сакам ни името да му го споменам“

Најсилниот тим во Европа има сериозен проблем: „Не сакам ни името да му го споменам“

Францускиот шампион ПСЖ ја освои Лигата на шампионите минатата сезона и се смета за најдобриот тим во светот, но има сериозен проблем поради дуото чии земји одамна се во војна.

Украинецот Илија Забарњиј првпат откако се приклучи на ПСЖ на почетокот на август прозборува за неговиот „однос“ со рускиот голман Матвеј Сафонов за украинската програма Фудбал 360.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во интервју за украинската програма Фудбал 360, новиот стопер на ПСЖ, Илија Забарњиј, беше прашан за неговото соживување со рускиот соиграч.

„Во мојата земја веќе четири години вие истинска војна. Русите се агресори кои залудно се обидуваат да ја уништат слободата и независноста на Украина. Војната продолжува, а јас немам никаква врска со Русите”, изјави украинскиот репрезентативец(со 47 настапи) кој дојде од Борнмут.

„Што се однесува до мојот соиграч, чие име не сакам ни да го споменам, морам професионално да комуницирам со него на тренинзите и ќе ги исполнувам своите обврски кон клубот”, продолжи Украинецот, алудирајќи на Сафонов.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нова средба на Роналдо и Спид: Португалецот го виде најверниот навивач, а потоа следеше лудило (Видео)

Целиот интернет знае за вечната љубов што Спид ја има кон Кристијано Роналдо и дека е него…