Дома Останати Тенис Еден билет за четвртфиналето на Ѓоковиќ достигнува вредност и колку еден просечен автомобил!

Еден билет за четвртфиналето на Ѓоковиќ достигнува вредност и колку еден просечен автомобил!

Во вторник, вечерната програма на стадионот Артур Еш се очекува да биде највозбудлива досега на турнирот, а тоа се одразува и на цените на билетите.

Во моментот, не е можно да се најдат поевтини билети за долниот прстен на стадионот со капацитет од речиси 24.000 гледачи од 8.000 долари. Вообичаено, тие билети сега се три до четири пати поскапи.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Билети за горниот прстен можат да се најдат на релативно поволнa цена. Релативно велиме, бидејќи „галеријата“ во овој момент чини 400 долари и нагоре.

Програмата започнува во 19 часот по локално време, први на теренот се Арена Сабаленка и Маркета Вондрушова, а потоа следи главниот настан – дуелот на Новак Ѓоковиќ и Тејлор Фриц, надежта на домаќините и актуелниот вицешампион.

Ѓоковиќ има забележано победи во сите десет претходни меѓусебни дуели, а натпреварот по средноевропско време ќе започне околу три часот изутрина, од вторник кон среда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Сабаленка ја стави главата во кофа со мраз по финалето во Индијан Велс (Видео)

Првата тенисерка на светот Арина Сабаленка успеа по неверојатна борба во три сета и заврше…