Дома Фудбал 3.870.000.000 причини зошто Англичаните се пред сите останати! заедно!

3.870.000.000 причини зошто Англичаните се пред сите останати! заедно!

Клубовите од англиската Премиер лига потрошија повеќе од кога било претходно во еден трансфер период, бидејќи ова лето, вкупната сума која ја инвестираа за нови играчи надмина три милијарди фунти.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


До вчера, кога беше последниот ден од трансфер периодот, потрошени беа 2,73 милијарди, но големите трансфери на самиот ден на затворање, предводени од преминувањето на Александар Исак од Њукасл во Ливерпул за рекордни 125 милиони фунти – ја зголемија сумата на неверојатни 3,087 милијарди!

Овој трошок е значително поголем во споредба со минатото лето, кога клубовите од Премиер лигата потрошија 1,96 милијарди фунти.

Замислете, вкупната сума е поголема од она што клубовите од останатите “лига петка” – шпанската Ла Лига, германската Бундеслига, италијанската Серија А и француската Лига 1 – заедно го потрошија.

А кои беа најголемите потрошувачи во Англија?

Ливерпул беше без конкурент, потроши вкупно 415 милиони фунти, со што се постави нов рекорд за најголема сума потрошена од еден клуб во еден трансфер период (претходниот рекорд го држеше Челзи со 400 милиони во 2023 година).

Покрај рекордерот Исак, Ливерпул ги доведе и Флоријан Вирц (116 милиони), Уго Екитике (79 милиони), Јереми Фримпонг (29,5 милиони), Ѓорги Мамардашвили (29 милиони) и Џовани Леони (26 милиони).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аргентинците бараат да се повтори финалето на Светското првенство: Повеќе од 100.000 луѓе потпишале петиција

Дел од аргентинските навивачи тврдат дека финалето против Шпанија го одбележало „корумпира…