Дома Фудбал Игор „замина“ по лекарските прегледи, тренерот се закани со отказ ако му го продадат капитенот – пропадна веќе договорен трансфер на Ливерпул

Игор „замина“ по лекарските прегледи, тренерот се закани со отказ ако му го продадат капитенот – пропадна веќе договорен трансфер на Ливерпул

Откако Ливерпул синоќа го договори доаѓањето на Александер Исак, Слот сакаше да донесе уште еден играч денес, но работата пропадна.

Имено, Марк Геи ќе остане играч на Кристал Палас и во остатокот од сезоната, барем до јануарскиот трансфер период.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Се беше договорено, Геи требаше за околу 50 милиони евра да премине во Ливерпул, но на крајот работата беше стопирана.

Причината е што Игор одлучил наместо за Кристал Палас да потпише за тимот на Вест Хем.

Геи веќе беше во тренинг кампот на Ливерпул, помина лекарски прегледи и чекаше да потпише договор, а потоа следеше шок за него бидејќи беше присилен да се врати на Селхурст Парк.

Тренерот на Кристал Палас, Оливер Гласнер одигра клучна улога во сето тоа, бидејќи бараше Геи да остане во клубот.

Најавуваше дека дури им се заканил на челниците на клубот дека ќе даде отказ ако Геи биде продаден, откако двајца играчи денес го „изработија“ Кристал Палас.

Потоа беше откриено и како реагираше Геи откако ги дозна сите овие вести.

Наводно, овој фудбалер бил многу професионален и директно разговарал со Оливер Гласнер и сопственикот на Кристал Палас, Стив Париш.

Многумина од друга страна сметаат дека ова ќе го „уништи“ Геи, а еден од таквите е и Дени Марфи.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Земјотрес“ од Шпанија: Барселона се пушти во трка по важен фудбалер на Манчестер сити

Пред околу две и пол години Манчестер Сити го сруши рекордот за најскап дефанзивец во исто…