Дома Фудбал Крај на една ера, замина и Гундоган

Крај на една ера, замина и Гундоган

Летото 2025 година е лето на заминување на легендите од „Етихад“. По Кевин де Брујне, Џек Грилиш, Кајл Вокер и Едерсон, сега замина и – Илкај Гундоган.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Германецот не е во плановите на Пеп Гвардиола откако пристигна Тиджани Рејндерс, а Германецот ќе добие дозвола да замине без обештетување иако договорот му беше автоматски продолжен до 2026 на почетокот на летото.

Гундоган ги постигна сите услови со Галатасарај, ќе потпише договор на две години и ќе биде уште едно големо засилување по Лирој Сане и Виктор Осимен.

Да потсетиме, Гундоган првпат пристигна во Сити летото 2016 година, токму по желба на Пеп Гвардиола од Борусија Дортмунд за 27.000.000 евра и го оправда секој цент. Освои сè што можеше да се освои, учествуваше во освојувањето на дури пет титули во Премиер лигата, беше и капитен на тимот кој ја освои Лигата на шампионите во 2023 година, по што само за една сезона замина во Барселона, па се врати минатото лето.

Во Сити пристигна ред на смена на генерации, останува да видиме дали требаше да замине и Пеп, или Каталонецот ќе успее да ја врати старата сјајност на својот обновен тим…

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Паѓа важен потпис, навивачите на Ливерпул добија одлични вести!

Средниот играч на Ливерпул, Доминик Собослаи, е на само чекор од потпишување на нов долгор…