Дома Фудбал Арсенал го плати 70.000.000, а тој се појави со часовник од 23 евра и ги воодушеви навивачите

Арсенал го плати 70.000.000, а тој се појави со часовник од 23 евра и ги воодушеви навивачите

Додека фудбалските ѕвезди ширум светот трошат милиони на луксузни часовници и автомобили, новото засилување на Арсенал, Еберечи Езе, ги освои симпатиите на навивачите, и тоа со својата скромност.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Езе, кој ова лето пристигна од Кристал Палас во трансфер вреден дури 70 милиони евра, од кого се очекува да биде клучен играч за „топџиите“, успеа да покаже дека луксузот не е негова работа. На претставувањето на познатиот „Емирејтс“ се појави со обичен часовник од марката “Casio”, модел кој чини само 23 евра.

За разлика од колеги како Маркус Рашфорд, кој на промоцијата во Барселона се појави со „Patek Philippe“ часовник, или Трент Александер-Арнолд кој слично направи при преминувањето во Реал Мадрид, Езе одлучи да најголемиот момент во кариерата го одбележи со едноставен, зелен “Casio Classic Analogue” часовник.

Фото: Фејсбук/Арсенал

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аргентинците бараат да се повтори финалето на Светското првенство: Повеќе од 100.000 луѓе потпишале петиција

Дел од аргентинските навивачи тврдат дека финалето против Шпанија го одбележало „корумпира…