Дома Фудбал Стартуваат подготовките: Фудбалерите се собраа за натпреварите со Саудиска Арабија и Лихтенштајн

Стартуваат подготовките: Фудбалерите се собраа за натпреварите со Саудиска Арабија и Лихтенштајн

Македонската фудбалска репрезентација од денеска официјално ги почнува подготовките за претстојните две средби што ќе се играат во септември.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Избраниците на селекторот Благоја Милевски од утринските часови се во кампот на националниот тим, а прв тест ги очекува веќе за три дена – контролниот дуел со Саудиска Арабија во Прага. Вистинскиот предизвик доаѓа на 7 септември, кога „црвено-жолтите“ во Скопје ќе го пречекаат Лихтенштајн во рамките на квалификациите за Светското првенство.

Нашата репрезентација влезе одлично во квалификациите – по четири кола сме лидери во групата со осум бодови. Зад нас се Велс со седум, Белгија со четири (и два натпревари помалку), Казахстан со три (еден натпревар помалку), додека Лихтенштајн е единствениот без освоени бодови (со еден меч помалку).

Милевски за овој собир одлучи да повика и двајца новајлии: Елмин Растодер од швајцарски Тун и Решат Рамадани од тетовска Шкендија, кои ќе ја имаат првата шанса да се докажат во националниот дрес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хаос на улиците во БиХ по ремито со Канада: Се судрија Хрвати и Босанци – фрлаа факли (Видео)

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина го отвори Светското првенство со нерешен резултат …