Дома Фудбал Фергусон од трибините го гледаше дебито на Миовски во Ренџерс

Фергусон од трибините го гледаше дебито на Миовски во Ренџерс

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски денеска го имаше своето деби за Ренџерс и тоа веднаш во најголемото шкотско дерби против Селтик, кое заврши без голови (0-0).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Само еден ден по официјалната потврда на неговата позајмица од Жирона, стратегот на „џерсите“ Расел Мартин реши да му укаже доверба од самиот старт. Миовски беше активен на теренот сè до 72. минута, кога го замени Десерс.

Самото „Олд Фирм“ дерби не понуди голема фудбалска возбуда – шанси имаше малку, а поблиску до победа беше Ренџерс. Тимот на домашен терен во првиот дел постигна и гол преку Сутар, кој сепак беше поништен.

Голема атракција на трибините беше и присуството на легендарниот менаџер на Манчестер јунајтед, Сер Алекс Фергусон, кој одблиску го проследи најголемото фудбалско ривалство во Шкотска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Мартин Демикелис стана тренер на Лајпциг

Мартин Демикелис е назначен за главен тренер на РБ Лајпциг, објави прес-службата на клубот…