
Капитенот на Србија, Богдан Богдановиќ, не може повеќе да игра на Евробаскетот!
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според информациите од американски извори, Богдановиќ повеќе нема да може да помогне на тимот на Светислав Пеšiќ бидејќи му е потврдена повреда на задниот дел од ногата. Станува збор за повреда на мускулот.
Без потреба е да се објаснува колку ова е голем удар за Србија. Капитенот е лидер на теренот, човек со извонредна енергија и срце на победник, борец до последниот атом… На сите им е јасно дека Србија со и без Богдановиќ не е истиот тим.