Дома Фудбал Несторовски потпишува со нов клуб: Ќе заигра со уште двајца Македонци!

Несторовски потпишува со нов клуб: Ќе заигра со уште двајца Македонци!

Во редовите на босански Сараево по Агон Елези и Стефан Ристовски би можел да пристигне уште еден Македонец и тоа Илија Несторовски. Ќе потсетиме, спортски директор во Сараево е исто така поранешениот македонски репрезентативец, Крсте Велкоски.

Според информации од инсајдерот Филип Кожиќ, Сараево е на чекор до потпишување договор со искусниот македонски напаѓач Илија Несторовски (35). Несторовски последно играше за Славен Белупо.

Според Кожиќ, Несторовски е пред раскинување на договорот с Славен Белупо, по што ќе се приклучи на тимот од Кошево.

За Македонија, Несторовски досега одигра 51 натпревар и постигна 10 голови, почнувајќи од своето деби во 2015 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мареска испиша историја со Сити, па по победата им се поклони на фудбалерите

Манчестер Сити со 3:2 го совлада Ипсвич, а Енцо Мареска стана првиот тренер со седум побед…