Дома Останати Кошарка Јокиќ сам ѝ одржа лекција на Летонија во Рига (Видео)

Јокиќ сам ѝ одржа лекција на Летонија во Рига (Видео)

Српската репрезентација покажа лидерство и карактер, предводена од Никола Јокиќ, и стигна до тесна победа од 84-80 над Летонија. Со трите победи, „орлите“ веќе обезбедија место во следната фаза, а во директниот дуел со Турција ќе се одреди кој ќе го освои првото место во групата во главниот град на Летонија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Двете селекции започнаа со висок интензитет, но Србија покажуваше совршена реализација од линијата за слободни фрлања. Јокиќ и Јовиќ се разиграа, и Србија брзо дојде до значителна предност. Најдобриот светски кошаркар брзо стигна до двоцифрени поени, а дури ни удвојувањата на Порзингис и неговите соиграчи не успеаја да го сопрат.

Летонците успеаја да се доближат на само четири поени заостанување, но Јокиќ со тројка повторно ја врати контролата и ја елиминира драмата на крајот. Србија го однесе триумфот со конечни 80-84.

Најефикасни во редовите на Србија беа Никола Јокиќ со 39 поени и Петрушев со 12, додека кај Летонија се истакнаа Давид Бертанс со 16 и Кристапс Порзингис со 17 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Андреј Јакимовски веќе не е кошаркар на Тренто!

Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски стави крај на соработката со Тренто, откако…