Дома Останати Кошарка Пешиќ го откажа тренингот пред мечот со Летонија по големите проблеми на Евробаскетот

Пешиќ го откажа тренингот пред мечот со Летонија по големите проблеми на Евробаскетот

Кошаркарската репрезентација на Србија денеска од 17 часот ја игра третата средба на Евробаскетот против домаќинот Летонија, а селекторот Светислав Пешиќ одлучи да го откаже тренингот пред споменатиот натпревар.

Иако се очекуваше Орлите да излезат на терен и да се подготват за дуелот со домаќинот, сега е јасно дека тоа нема да се случи и ќе се насочат само на анализа на противникот.

Да потсетиме, Србија имаше големи проблеми против Португалија, откако на полувремето остана без Богдан Богдановиќ, кој се повреди на задната ложа и засега неговата состојба не е позната.

Исто така, натпреварот го обележаа многу неочекувани ситуации, како што е исклучувањето на Филипa Петрушев по удар на противник од Португалија, како и расправата помеѓу Светислав Пешиќ и Василије Мициќ.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

На 19 години синот на Перо Антиќ почна тренерска кариера!

Синот на македонската кошаркарска легенда и поранешен репрезентативец Перо Антиќ, Лука Ант…